28.04.2015
ZA TEBE
38, Македония

Писмо за неа - напишано во 3 сабајле, викаат срце чука посилно после полноќ.

Драга,

Мене жал ми е за тебе. Како ли се најде во таа пајажина ти? А? Своја да се срамиш да си бидеш? На пијачи кафе и глупави муабети шанса да даваш за да се чувствуваш дека некаде припаѓаш?
Јас кога се заљубив во тебе, јас не се заљубив само во тебе. Во твојата способност да не припаднеш се заљубив. Те гледав, па си велев - ова цело нешто многу е големо некој да го поседува. Не би било фер. Ова цело нешто јас го љубам, ама да го барам за себе не смеам. Ќе ја расипам работава, ќе оплескам. Те пуштав, те пуштав да ме рушиш, ама така мораше. Викаат на птицата крилата никогаш да не се сечат. Тоа е грев. Тоа така не смее.
И сега? Ти сега си домаќинка. Ти сега одиш на пазар наутро. Ти веќе не сликаш. Не кажуваш шеги. Ти веќе не си ти. Тоа ме боли повеќе од самата болка. Да видам еден цвет, да не е веќе омилениот.
Не мора никој да те сака за да спиеш мирно навечер. А некогаш, ако имаш среќа, ќе налеташ на некој кој ќе те праша дали спиеш мирно. И ти ќе кажеш - не. А тој - оти многу те сонуваат, од таму ти е тоа, да си знаеш.
И ти ќе сфатиш, сите би да кажат збор, два,
Ретко кој ќе го каже како да е шега, а ќе смени живот цел.

Никогаш нема да е љубов тоа што не ти прави срцето да ти игра.
Никогаш нема да е среќа тоа што не си ти во огледало.
Никогаш нека не те има тој што душата ти ја разбира ефтино.

Твој,

Јас.

315 просмотров
 
Комментарии
LadyM68 28.04.2015

Животиште *PARDON*

Ниту гаранција има ниту пак упатство за употреба. *SCRATCH*

DjoleMk 29.04.2015

Многу убаво.
Си се распеал ко ранет од љубов славеј во април/мај.
Посебно ми се допадна делот

Јас кога се заљубив во тебе,
јас не се заљубив само во тебе.
Во твојата способност
да не припаднеш се заљубив.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут